Една жена го обвини градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс за сексуален напад, според судските документи поднесени доцна во средата. Се вели дека Адамс сексуално ја нападнал жената во 1993 година, „додека двајцата работеле за градот Њујорк“.
Адамс ги отфрли обвинувањата и изјави за CBS News дека „не се ни сеќава дека ја сретнал“ жената која го тужи. Законот, кој истекува денеска, создаде рок од една година во државата Њујорк за преживеаните од сексуална злоупотреба да поднесат тужби кои инаку би биле забранети со статутот на застареност.
Во моментот на наводниот сексуален напад, Адамс работел како полицаец во Њујорк, а во документот како обвинет е и транзитната канцеларија на Министерството.
Зборувајќи за CBS News вчера попладне, г-дин Адамс рече дека „нападот апсолутно не се случил“. „Не се ни сеќавам која е личноста, не се ни сеќавам дека сум ја запознал,тој додаде.
Ова е само последен во низата правни удари за Адамс, член на Демократската партија. Тој се соочува со истрага за финансирање на неговата градоначалничка кампања пред две години. На почетокот на овој месец, агенти на ФБИ го претресоа неговиот стан и запленија три електронски уреди, наводно два Ајфон и Ајпад.
Претресот бил извршен и во резиденцијата на 25-годишната Брајана Сагс, лобист и поранешна помошничка на Адамс. Истрагата е фокусирана на тоа дали неговата кампања заговарала со турската влада за примање нелегални странски донации. Истражувачите сакаат да знаат дали кампањата на Адамс обезбедила некакви придобивки за државата или поединци во замена за донации, според налогот за претрес што го добил „Њујорк тајмс“.