Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози вечерва воведува полициски час

Од:

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, денеска издаде наредба за воведување полициски час во неговиот град од 20 часот, јави дописникот на МИА.

Откако изутринава се одлучи да ја затвори славната Променад де Англе (шеталиштето на Англичаните) и да стави крај на приливот на шетачи и покрај инструкциите за останување дома, градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, издаде наредба ова утро да се воведе полициски час во неговиот град од вечерва во 20 часот.

-Јас штотуку ја донесов наредбата. Од 20 часот, откако ќе се затворат продавниците и аптеките, никој нема причина да излезе. Значи, не излегуваме, освен персоналот специјално овластен со оваа уредба: медицински или социјален персонал за оние кои прават домашни посети на кревки луѓе на пример, носат оброци, соопшти градоначалникот.

-Исто така, ние ќе го намалиме интензитетот на осветлувањето на градот од 20 часот. Ова ќе испрати сигнал. И за оние кои мислат дека тоа би можело да ги олесни делувањата на деликвентите, ги уверувам: ние имаме мрежа на инфрацрвени камери за видео надзор: лесно ќе ги забележиме оние што се спротивставуваат на овие мерки за да можат нашите полицајци да ги фатат, појасни Кристијан Естрози.

Самиот заболен од коронавирусот, Кристијан Естрози е во самоизолација во својот дом, исто како и неговите главни соработници.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата