Градоначалник бара пари од Мосад за спасување на нивни агенти

Од:

Сметка од над 1.200 евра е испратена до израелската тајна служба Мосад од страна на градоначалник на мало гратче во северна Германија.

Сметката на сума од 1.263 евра е испратена до Мосад за трошоци за извлекување на возило со кое двајца оперативци на Мосад кои со своето возило во септември минатата година се заглавиле во кал во близина на градот Кварнбек.

Двајцата агенти на Мосад биле на пат кон бродоградилиштето во Кил каде што требало да го надгледуваат трансферот на подморница нарачана од Израел, јави дописникот на МИА од Берлин.

Градоначалникот на Кварнбек, Клаус Лангер кој што ја испратил сметката на израелската тајна служба покрај пари од германските власти бара објаснување зошто на двајцата агенти на Мосад им било дозволено со себе да носат автоматско оружје кое што може да предизвика страв и паника кај локалните жители.

Би можело да ве интересира

Турција приведе 33 лица осомничени за шпионажа за израелскиот Мосад

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Мосад ги охрабри Израелците да демонстрираат против Нетанјаху, открија тајните документи на Пентагон

Шефот на Мосад идната недела во Вашингтон

Горан Наумовски

Техеран ќе егзекутира шведско-ирански академик

А1он

Во Турција уапсени 15 оперативци на Мосад

Ана Ололовска