Мосад ги охрабри Израелците да демонстрираат против Нетанјаху, открија тајните документи на Пентагон

Од:

Израелската разузнавачка агенција Мосад, наводно, го охрабрила својот персонал и пошироката јавност да учествуваат во масовни протести против предложениот план за судски реформи на премиерот Бенјамин Нетанјаху, открија тајните документи на Пентагон.

Оваа проценка е содржана во ажурирањето на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) од 1 март и е меѓу низата чувствителни документи на американското Министерство за одбрана што неодамна се појавија на интернет, според извештаите од неколку медиуми, вклучувајќи ги Вашингтон пост и Њујорк тајмс.

„Од почетокот до средината на февруари, највисоките команданти на израелското надворешно разузнавање се залагаа за функционерите на Мосад и израелските граѓани да протестираат против судските реформи предложени од новата израелска влада, вклучително и неколку експлицитни повици за акција со осуда на израелската влада“, пишуваат медиумите.

Меморандумот не ги содржи имињата на лидерите на Мосад кои наводно ги упатиле повиците, ниту какви било други детали.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави соопштение во име на Мосад, во кое ги отфрла извештаите и ја критикува оценката како „лажна и без никаква основа“.

„Мосад и неговиот персонал воопшто не се вклучија во прашањето за демонстрациите и се посветени на вредноста да ѝ служат на државата што го води Мосад од нејзиното основање“, се вели во соопштението на израелската влада.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименуван претставник на одбраната, тврди дека шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, дозволил дел од помладиот персонал на агенцијата да учествува во протестите, но само во неофицијално својство.

Минатиот месец, неколку стотици поранешни оперативци на Мосад, вклучително и пет нејзини поранешни шефови, исто така потпишаа изјава во која ја осудуваат судската реформа.

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците низ Израел од јануари, откако Нетанјаху предложи законски измени кои ќе му овозможат на парламентот да ги поништи одлуките на Врховниот суд со просто мнозинство, да и даде на владата поголема моќ во назначувањето судии и да ја ограничи способноста на највисокиот суд да ги преиспитува закони што ги смета за „неразумни“.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа