Со цел да извади камен потребен за изградба на пат, градежна компанија со булдожери урна една од најголемите пирамиди од времето на Маите.
Според шефот на Археолошкиот институт Белизе, д-р. Хаиме Аве уништувањето на пирамидата е откриено кон крајот на минатата недела, а во рушевините останал само еден помал дел од централниот дел на пирамидата.
Аве додаде дека тешко ја поднесол веста за уништувањето на пирамидата Номул и платформата на храмот, кои се стари повеќе од 2.300 години.
На снимките од преостанатиот дел од пирамидата се гледа дека се работи за класична заоблена комора од времето на Маите.
Комплексот Номул се наоѓа на приватен терен, но, според Законот на Белизе, сите антички археолошки остатоци се под државна заштита.