Пронајден влез во подземниот свет на Маите

Од:

Тим археолози од полскиот Универзитет Јагиелонијан соопшти дека можеби пронашле „влез во подземниот свет“ од Маите, заедно со наоди за принесување човечки жртви. Наоѓалиштето е откриено на местото каде што се одиграла последната битка меѓу древните Маи и Шпанците во езерото Петен Ица во Гватемала.

Предводничката на тимот, Магдалена Крземиен тврди дека водата имала посебно симболично значење во митологијата на Маите. – Тие верувале дека тоа е врата кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде што живеат нивните богови, рече таа.

Еден од артефактите, односно предметите кои Маите ги спуштале во езерото како дар за боговите, е посебен нож што најверојатно се користел за убивање на луѓето.

Пронајдени се и керамички предмети, како и делови од камени скулптури, што најверојатно укажува на конечното уништување на цивилизацијата на Маите, нагласуваат научниците.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов