Град тешко ги оштети француските лозови насади и претставува ризик за познатите вина

Од:

Познатите големи вина од Бургоњ (бургидниец) и малите вина од Бордо и Божеле беа жртви на невремето проследено со силни врнежи од град, кои последниве десетина дена ги зафатија француските области, посебно во деловите со лозови насади, и постои ризик да го намали производството на вино оваа година, јави дописникот на МИА од Париз.

Илјадници хектари на лозови насади на Ридовите на Бургоњ, Поммар, Волне во Бургундија, Меѓу двете мориња, Ридовите на Кастијон во регионот на Бордо, Воре во Божеле беа силно оштететни од градот, а на некои места целосно уништени. За среќа насадите на најпознатите француски вина во Бордо, Шампањ и Алзас се поштедени од градот.

Само во текот на минатиот викенд околу 37.000 хектари на винови насади беа погодени во регионот на Бордо, каде 7.000 хектари претрпеа загуби од 80 до 100 проценти од призводството. Француската Влада најави помош за лозарите.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме