Гослар ќе му ја одзема титулата почестен граѓанин на Хитлер

Од:

Германскиот град Гослар ќе му ја одземе титулата почесен граѓанин на Адолф Хитлер, најавија официјални лица од градот.

Портпаролот на градот, Кристијан Бургарт, изјави дека градското собрание го усвоило предлогот за одземање на титулата почесен граѓанин, но дека одлуката официјално треба да ја потврди и Административниот совет на Гослар на седницата која што е закажана за 29-ти октомври, пренесе „Франс прес“.

Локалните официјални лица и порано тврдеа дека Хитлер не е веќе почесен граѓанин, со оглед на тоа што титулата му е доделена 1934 година, а тој почина 1945, но градските власти истакнаа дека сакаат тоа да го потврдат и со овој симболичен акт.

Бургарт додаде дека одземањето на титулата на Хитлер, не претставува обид за бришење на историјата.

Хитлер беше почесен граѓанин на околу 4.000 германски градови, но повеќето од нив таа титула му ја одзедоа, некои веднаш по војната, а други во последно време.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија