Гордон Браун: Бајден ќе направи се да ги обедини луѓето

Од:

Поранешниот британски премиер Гордон Браун за Би-Би-Си изјави дека Џо Бајден е некој што „ќе стори се за да ги обедини луѓето“.

Браун смета бајден меѓународниот фокус ќе го стави на глобалното здравје, економијата и „зелената револуција“.

Поранешниот лидер на лабуристите смета дека Бајден во својата работа како претседател може да направи многу работи и со извршни наредби, како што е повторното американско приклучување кон Парискиот договор, дури и доколку нема да има контрола врз Сенатот.

-Тој е еден од оние луѓе каде го добивате тоа што го гледате. Тој работи тесно со луѓето, тој е природен преговарач, рече Браун.

Браун за Би-Би-Си додаде дека Бајден веројатно ќе дојде во Велика Британија во првите шест месеци од неговото претседателствување, веројатно на самитот на Г7, но дека тоа ќе зависи од пандемијата.

-Повторно може да дојде и на самитот за климатски промени во Глазгов, рече Браун, додавајќи дека „Џо Бајден отсекогаш бил пријател на Велика Британија“.

Би можело да ве интересира

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство