Големо мнозинство Британци смета дека не вредела интервенцијата во Аганистан

Од:

Големо мнозинство Британци сметаат дека не вредела меѓународната интервенција во Авганистан, која завршува до крајот на оваа година.

Дури 68 отсто од анкетираните, во истражувањето, направено по повод повлекувањето на британските војници од воената база „Бастион“ во авганистанската провинција Хелманд, смета дека 13-годишната воена кампања во оваа земја, немала никаква полза за Велика Британија.

Околу 24 отсто од Британците не мисли така и верува дека интервенцијата го заслужувала сето она што е вложено во неа. Осум отсто од анкетираните нема никакво мислење.

Во истото истражување, околу 42 отсто од луѓето оценува дека британското учество во авганистанската војна, ја направило Британија „помалку безбедна“ земја.

Велика Британија беше дел од меѓународната коалиција, предводена од САД, која на крајот од есента во 2001 година интервенираше во Авганистан. Интервенцијата уследи по терористичкиот напад на Ал Каеда врз њујоршкиот Светски трговски центар, како врз зградата на Пентагон во Вашингтон, на 11 септември 2001 година, иткако беше утврдено дека тогашниот талибански режим во Авганистан и овозможува на Ал Каеда безбедно уточиште во планинските реони на оваа средноазиска земја.

Во текот на 13-годишното присуство и војување со талибанските бунтовници, загинаа 453 војници. Околу 37 милијарди ја чини Велика Британија авганистанската војна. По САД Британците имаа најмногу свои војници во Авганистан во јужната провинција Хелманд, каде отпорот на талибанците беше најсилен.

Британија имаше станционирано по околу десет илјади свои војници, а најголемиот број на војсници, воен персонал и цивили ангажирaно од армиските сили, во базата „Бастион“ изнесуваше 40 илјади.

Велика Британија по повлекувањето се обврза до 2017 година, да исплаќа годишна помош од по 178 милиони фунти, за побрз развој на оваа земја,како и по 70 милиони годишно воена помош.

Податоците за мислењето на британската јавност за учеството на Британија во војната во Авганистан, доаѓа по откритието дека во оваа земја продолжува да се зголемува одгледувањето и производството на опиум, од кој се прави хероин. Провинцијата Хелманд и понатаму е најголемиот производител, иако британските војници во изминатите 13 години, требаше да бидат дел и од операцијата за искоренувањето на опиумот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он