Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Од:

Експлозии одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи дека станува збор за напад со руски крстаречки проектил.

„Енергетската инфраструктура повторно е цел на масовен непријателски напад“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

„Непријателот продолжува да го напаѓа Харков со проектили“, напиша градоначалникот Игор Терехов на апликацијата за пораки Телеграм.

Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер ги повика жителите да останат во засолништа.

Би можело да ве интересира

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна