13-годишно момче загина во судир на навивачи на Франција и Мароко во Монпелје по синоќешниот натпревар на овие две репрезентации во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
Во соопштението објавено од локалните власти, се наведува дека момчето било „насилно удрено“ од автомобил во градот.
Момчето било пренесено во болница, но починало набргу по пристигнувањето, се вели во соопштението.
Возилото кое го прегази детето било пронајдено во близина на местото на несреќата, а полицијата набрзо дошла на лице место за да изврши увид.