Големи пожари во Португалија и Шпанија

Од:

Иберискиот Полуостров е зафатен од рекордно високи температури, кои на места надминаа и 45 степени Целзиусови, што го отежнува гаснењето на пожарите што неколку дена беснеат во Португалија и Шпанија.

Повеќе од 1.000 пожарникари, потпомогнати од 19 хеликоптери и авиони, петти ден по ред се обидуваат да го изгаснат големиот пожар што беснее во јужна Португалија, на околу 250 километри југоисточно од Лисабон.

Властите се надеваа дека намалувањето на температурите во текот на ноќта ќе им помогне на пожарникарите за локализирање на огнот, откако во текот на вчерашниот ден тој беше изгаснат на 95 проценти од површината што ја зафати, меѓутоа силниот сув ветер и тешко пристапниот терен ги оневозможија ваквите планови.

Пожарот денеска се доближи на 500 метри од Моншики, населено место со околу 2.000 жители, поради што властите спроведоа евакуација на куќите од страната на наближувањето на огнената стихија.

Во огнената стихија досега се повредени 29 лица, а уништени се и неколку објекти што се наоѓаа на опожарените ридови.

Во исто време и соседна Шпанија се соочува со неколку шумски пожар, од кои последниот избувна синоќа во близина на местото Лученте во реонот на Валенсија, од каде се евакуирани најмалку 2.500 лица.

Огнот досега уништил околку 1.000 хектати површина.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации