Во земјотресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала кој што денес го погоди индонезискиот остров Јава загинале неколку лица.
Од земјотресот предизвикани се и големи материјални штети, а точниот број на загинати се уште не е познат.
Индонезиските власти испратија и предупредување за цунами за дел од островот Јава.