Големата победа на американските индијанци

Од:

vesti.bg – Софија 

Воената инженерија на САД, која е одговорна за маршрутата на нафтоводот Дакота Акцес, реши да ја смени трасата на цевките.

Тоа се случи по половина година протести, за кое време индијанците од резереватот „Исправена скала“ беа тепани, растерувани со водени топови, апсени, подложни на блокади, глад и понижувања, но на крајот победија.

Поставувањето на цевките на нафтоводот Пристап до Дакота од компанијата Енерџи трансфер партнерс, беше сопрено од воената инженерија на САД. Претходно, претседателот Барак Обама стави вето на проектот, но тоа не ги сопре властите на таа држава. Првично, трасата требаше да минува во реонот на градот Бизмарк покрај реката Мисури кон север, со претежно бело население. Но по протестите таму беше одлучено подземните цевки да бидат поставени по територијата на индијански резерват. Минатата пролет, локалните индијанци поставија камп од шатори кој повеќе од половина година го блокираше достапот на компанијата до теренот за градба.

Државните власти и вооруженото обезбедување на нафтоводото повеќе пати се обидуваа да ги протераат демонстрантите.

На 3 септември од компанијата која требаше да го гради нафтоводот се обидоа да преминат преку кампот со булдожери и прскаа со лут спреј против оние кои протестираа. И сето тоа пред очите на полицијата.

Во октомври, властите уапсија над 140 индијанци кои наскоро беа пуштени заради жалби за „необично грубо однесување“. При едно од апсењата, на пример, задржано девојче од кампот било принудено да се соблече гола пред полицијата и претресена по што таа била затворена зад решетки без да и дадат облека.

Конфликтот ескалираше уште повеќе на крајот на ноември. Денот на благодарноста беше одбележан со судири со полицијата и обезбедување на нафтоводот. Против демонстрантите беа користени водени топови и бомби со солзавец, но службениците на редот не успеаја да го тргнат логорот со шатори.

По молба на локалната администрација за решавање на конфликти, на помош дојода и војници. Така на крајот на месецот командувањето на инженерскиот корпус на копнените сили на САД побара тргнување на шаторите, но иднијанците продолжија со протестите и не отстапија.

На 28 номеври гувернерот на државата Северка Дакота издаде заповед за неодложна евакуација на демонстраните, посочувајчи ги како причина лошите атмосферски услови. И покрај ниските температури и снегот, учесниците во протестот не го напуштија кампот. Локалните власти неколку пати го блокираа пристапот до кампот, сопирајќи го снабдувањето со вода и храна. Беа казнувани луѓе кои им доставуваа гориво и храна на демонстрантите. Дури извесно време беа заклучени и мобилните тоалети во кампот од шатори.

Претходно, поглаварите на индијанските племиња од Канада и северните делови од САД решија да се обединат во борбата против изградбата на нови енерегетски траси во тие области каде тие живеат. Претставници на 50 индијански народи од Северна Америка се изјаснија против истражувањата за гас од шкрилци и нафта во заштитените зони и резервати.

Индијанците посочија дека трасата на нафтоводот Дакота Акцес може да нанесе непоправливи штети на локалните водени резервоари, и ќе го отежне пристапот на други племиња до водата за пиење. Покрај тоа, трасата минува преку историски места кои се свети за индијанците.

Така командата на инженерските единици на крајот реши да се откаже од одобрената маршрута од страна на инвеститорите на нафтоводото во должина од 1,825 километри, кој ќе доставува 470,000 барели нафта дневно од шкрилските наоѓалишта во Северна Дакота до рафинеријата во Илиноис. Проектот во вредност од 3,8 милијарди долари требаше да биде завршен до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска