Скоро 200 луѓе синоќа трагаa по исчезнато двегодишно девојче во германскиот град Бинген, пренесува Билд. Од полицијата потврдија дека девојчето се уште не е пронајдено. Портпаролот на полицијата изјавил дека ова е многу опасна ситуација за детето поради екстремно ниските температури.
Тој објасни колку е неопходна брза интервенција. Беше започната опсежна потрага во која учествуваа полицијата, пожарникарите и техничките служби. Бидејќи реката Лаучер тече блиску до родителската куќа на исчезнатото девојче, пристигнаа и нуркачи. Користени се четири дронови, хеликоптер и кучиња трагачи.
Полицијата соопшти дека потрагата била отежната поради густата магла и речиси ниските температури. Големата потрага беше прекината околу полноќ, но операцијата продолжи во текот на ноќта во помал обем. Допрва треба да се реши натамошниот тек на операцијата. Полицијата засега не дава никакви информации за позадината на исчезнувањето на девојчето.