Пред шест дена исчезна девојче од Хрватска, семејството моли за помош

Од:

Анита Јелиниќ (15) исчезна на 31 март во градот Залужница кај Оточац, Хрватска, а семејството со денови трага по нивната ќерка.

„Се плашиме. Ги молиме сите да ни помогнат“, вели нејзиното семејство.

„Контактиравме со сите нејзини пријатели и познаници, но нема трага од неа. Веќе шести ден ја нема. Со сопругот не сме добро, на апчиња сме. Само сакаме да си дојде дома и да биди добро“, рекла низ солзи мајката на исчезнатото 15-годишно девојче.

Девојчето е високо 160 сантиметри, има кафена коса и кафени очи. Во моментот на исчезнувањето таа носела црно-црвена тренерка и црни патики.

Полицијата ги замолува граѓаните доколку имаат информации за Анита да ја известат најблиската полициска станица или да се јават на 192. Информации може да се достават и на е-маил адресата: [email protected].

Би можело да ве интересира

Се огласи мајката на Данка: „Само да се врати жива, тогаш ќе зборуваме за се“

Орце Костов

Објавени фотографии од тунелите, Данка ја нема ниту таму

Предраг Петровиќ

Соседот на исчезнатата Данка детално опиша што се случило кобниот ден

Горан Наумовски

Полицајци и пожарникари се упатиле кон местото каде што исчезна двегодишната Данка Илиќ

Се пребаруваат шахти и депонијата во близина на семејната куќа на исчезнатата Данка Илиќ

Горан Наумовски

Мајката на Данка Илиќ не може да направи полиграф бидејќи е бремена

Горан Наумовски