Објавени фотографии од тунелите, Данка ја нема ниту таму

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) во најновото соопштение наведува дека од раните утрински часови темелно го пребаруваат тунелот, подземните канали и шахтите во вкупна должина од околу 4,5 километри.

„Специјалистичките тимови за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно го пребаруваа тунелот, подземните канали и шахтите со вкупна должина од околу 4,5 километри, во реонот на Бањско до градот Бор и во таа прилика не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ.

По повеќе од 70 часа детално пребарување на теренот во Бањско Поље, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат интензивно да работат за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за исчезнувањето на детето.

Од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март, во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа неколку стотици припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од околу 10 квадратни километри.

Би можело да ве интересира

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско вештачење

Правна игра на таткото на убиецот на малата Данка, сега бара нов адвокат

Родителите на Данка плачеа додека дава исказ во Обвинителството

Родителите на убиената Данка: Се е лага, монструмите се уапсени, но се уште не ја знаеме вистината

12 дена се трага по телото на Данка, осомничените ќе одат на психијатриско вештачење

Во потрагата по Данка полицијата пребарува депонии и резервоари со вода

Горан Наумовски