Правна игра на таткото на убиецот на малата Данка, сега бара нов адвокат

Од:

Таткото на осомничениот, Дејан Драгијевиќ, oсомничен за смртта на малата Данка, ќе продолжи да го брани бранител по службена должност.

Во истрагата за убиството на малата Данка Илиќ, чие тело се уште се води за исчезнато, осомничените покажуваат дека на секој начин си обезбедуваат поповолна положба. Бараат нови бранители, укинувајќи им го полномошното на досегашните.

Радослав Драгијевиќ, осомничен дека му помагал на синот Дејан Драгијевиќ да го сокрие телото на Данка која синот Дејан претходно ја убил со колегата од „Водоводот“, Срѓан Јанковиќ, денеска го известил обвинителот дека сака да го смени својот адвокат.

– Радослав Драгијевиќ побара обвинителството во Заечар да му обезбеди бранител по службена должност, па јас повеќе не сум негов бранител – изјави Небојша Живановиќ за „Република“.

Радослав Раде Драгијевиќ се бранеше со молчење во досегашната постапка, а неговата сопруга Светлана Драгијевиќ претходно во интервју за нашиот портал изјави дека веќе му должи 1.000 евра на адвокатот Живановиќ за застапување на нејзиниот сопруг. Во врска со ова, можно е Драгијевиќ да немаат пари за адвокат, па поради тоа да се укине полномошното на избраниот бранител.

Да потсетиме, мајката на убиецот Светлана Драгијевиќ како сведок била повикана на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар каде го искористила законското право да не сведочи со оглед дека осомничениот Дејан е нејзиниот син, а Радослав нејзиниот сопруг.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено

Анита Петровска Рајковиќ

Истражителите од случајот „Данка“ ги чекаат резултатите од вештачењето на ДНК материјалот

Горан Наумовски

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско вештачење

Родителите на Данка плачеа додека дава исказ во Обвинителството

Родителите на убиената Данка: Се е лага, монструмите се уапсени, но се уште не ја знаеме вистината

12 дена се трага по телото на Данка, осомничените ќе одат на психијатриско вештачење