Голема полициска акција во Италија, уапсени 160 лица

Од:

Од утрово, во голема акција на италијанската полиција, 160 лица вмешани во криминал завршија во истражен затвор, пренесуваат италијанските медиуми.

Акцијата била спроведена на целата територија на земјата, а уапсените припаѓале на разни криминални организации, вклучително и на мафијата, кои учествувале во набавка на големо и дистрибуција на дрога.

Членовите на калабриската криминална организација „Ндрангета“, кои дејствуваа во северниот регион Ломбардија, беа уапсени во градот Лече.

Началникот на полицијата во Месина изјави дека „операцијата му зададе голем удар на организираниот криминал“, дека акцијата следела по неколкумесечни обемни истраги и дека повеќе од 750 полицајци од сите служби учествувале во утринската акција.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски