Голема акција на белгиската полиција во Скарбек

Од:

Бројни полициски сили во моментов вршат голема операција во близина на местото Мејзер во проблематичната населба Скарбек, како дел од анти-терористичката акција по нападите на аеродромот и метро-станица во Брисел во вторникот кога 31 лице го загуби животот, а 300 беа повредни, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Специјалните единици на федералната полиција се во моментов на Мејзер каде според националната телевизија „РТБФ“ влегле во една куќа при што се слушнале две експлозии уште на почетокот на интервенцијата.

Неколку сведоци на местото на настанот, за „РТБФ“ сведочат дека се слушнала и престрелка со огнено оружје, додека трамваите што поминуваат крај ова место се евакуирани, а сообраќајот на автобусите на двете компании за јавен превоз „СТИБ“ и „Де Лејн“ е цеосно прекинат.

Околината на местото Мејзер во Скарбек е целосно затворена и опкружена од тешко вооружени полицајци и војници, како и од воени камиони. Тимот за деминирање на војската е исто така на лице место, а забележан е и полициски робот за деминирање, што го потврдија од Министерството за внатрешни работи на Белгија. Сепак, од белгиското МВР не сакаат известат официјално дали оваа акција е поврзана со групата на браќата Ел Бакрауи, Салах Абдеслам и Наџим Лашрауи, од кои вториот е уапсен уште пред терористичките напади, додека останатите се саморазнесоа на аеродромот Завентем и на метро-станицата Малбек во европскито кварт на Брисел.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски