Голем број авиокомпании ги суспендираа летовите кон Блискиот Исток

Од:

Голем број меѓународни авиокомпании, вклучувајќи ги Луфтханза, Ер Франс-КЛМ, Ер Индија, Бритиш ервејс и Јунајтед ерлајнс, ги прекинаа летовите кон регионот на Блискиот Исток поради загриженоста дека конфликтот може да ескалира во регионот.

Групата Луфтханза, која ги вклучува Swiss International Air Lines, Austrian Airlines, Brussels Airlines, Condor и Eurowings, ќе ги обнови летовите до јорданската престолнина Аман и до ирачкиот град Ербил од 27 август, но ja продолжи суспензијата на летовите до Тел Авив и Техеран до 2 септември, додека ги суспендираат летовите за Бејрут до 30 септември, објави Ројтерс.

Ер Франс ги откажа летовите до Тел Авив и Бејрут најмалку до 26 август, а холандската КЛМ ги откажа сите летови до и од Тел Авив до 26 октомври. Ер Индија ги прекина редовните летови до и од Тел Авив до натамошно известување. Бритиш ервејс ги прекина летовите до и од Тел Авив до 28 август.

„Јунајтед ерлајнс“ со седиште во Чикаго соопшти дека ги суспендирала летовите до Тел Авив во догледна иднина поради безбедносни причини.

Властите на Велика Британија ги советуваа британските компании да не влегуваат во воздушниот простор на Либан од 8 август до 4 ноември, наведувајќи ја потенцијалната опасност за авијацијата од воена активност.

Летовите кон Блискиот Исток беа суспендирани и од авиокомпании од Грција, Алжир, Италија, Полска, Турција, Романија и Јордан, а најголемата нискобуџетна авиокомпанија Рајанер ги откажа летовите до и од Тел Авив до 30 септември. Во неделата Израел изврши напади врз ракетните фрлачи на либанската милитантна група Хезболах во Либан, а терористичката група истрела 230 проектили во северен Израел.

Би можело да ве интересира

Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите

Руските авиокомпании да ги задржат авионите изнајмени во странство

Американските авиокомпании откажаа стотици летови поради ширењето на омикрон

Шпанските авиопревозници очекуваат повеќе летови оваа зима отколку пред пандемијата

А1он

Ковид-пасошите ќе направат хаос и ќе се чека со часови по аеродромите, предупредија авиокомпании

Жарко Настоски

ИКАО: Авиокомпаниите се најголеми губитници од пандемијата

Жарко Настоски