Руските авиокомпании да ги задржат авионите изнајмени во странство

Од:

Сè уште не се знае што ќе биде со стотиците авиони што руските авиокомпании ги изнајмија од странски компании, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на компаниите да ги регистрираат тие авиони и да продолжат да летаат со нив.

Руските државни медиуми објавија дека новиот закон ќе им овозможи на руските авиокомпании да ги користат тие авиони во Русија, пренесува Бета.

Некои од тие авиони биле изнајмени и од Ирска, членка на Европската унија.

Минатиот месец ЕУ забрани продажба и рентање авиони на Русија, што е дел од санкциите воведени кон Русија поради инвазијата на Украина. Компаниите добија рок до 28 март да ги раскинат сите договори со руската страна.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина