Ковид-пасошите ќе направат хаос и ќе се чека со часови по аеродромите, предупредија авиокомпании

Од:

Здружението на најголемите авиокомпании и аеродроми во Европа предупреди дека ќе има хаос и часови на чекање по објавувањето на ЕУ-дигиталниот сертификат за Ковид-19, освен ако не се воспостави подобра координација меѓу државите.

Заедничкиот европски систем за Ковид-сертификација ќе стапи на сила в четврток.

Здружението на аеродроми АЦИ и здруженијата на авиокомпании А4Е, ИАТА и ЕРА со писмо до европските лидери предупредуваат на „загрижувачката разновидност на пристап“ низ целиот континент.

„Како што се зголемува сообраќајот на патници во следните недели, ризикот од хаос на европските аеродроми е реален“, се вели во заедничкото писмо до европските лидери.

На крајот на мај беше постигнат договор за дигитален сертификат на европско ниво.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите

ЕУ: Дигиталните сертификати за Ковид-19 остануваат на сила уште една година

Ана Ололовска

Руските авиокомпании да ги задржат авионите изнајмени во странство

Американските авиокомпании откажаа стотици летови поради ширењето на омикрон

ЕК усвои регулатива за обврзувачка деветмесечна валидност на ковид сертификатите

Ана Ололовска