Американската инвестициска банка Голдман сакс соопшти дека планира да вложи 750 милијарди долари како помош во борбата со климатските промени.
Банката нагласува дека тој износ е нејзина „цел до 2030“ година и ќе биде насочен во финансирање, вложување и советодавни активности поврзани со девет подрачја по прашањето за климатска транзиција и инклузивен раст за сиромашните луѓе.
Тие активности вклучуваат и финансирање чиста енергија, образование и производство на храна.
– Не постои само итна потреба за акција, туку и силна бизнис причина тоа да се направи. Насоченоста кон тие специфични цели ни дава низа мерливи податоци како што е количина на намалено загадување и број на услужени луѓе, изјави Давид Соломон, извршен директор на Голдман сакс.
Тој доаде дека финансиските институции мора да поддржуваат иницијативи на промени и дека компаниите веќе не можат да ги третираат климатските иницијативи како „периферно прашање“.