Година дена од симнувањето од власт на Гадафи

Од:

Една година по симнувањето од власт на Моамер Гадафи, Либија направи чекор напред кон демократија со органзиирањето на првите слободни избори, но поради неможност на Владата повторно да воспостави ред, доцни формирањето на државните институции.

Соочени со бран насилства, либиските власти немаа можност да се фокусираат на обнова на државата уништеан по осуммесечните судири во 2011 година. Но, средства не им недостасуваат. Брзо е обновено производството на нафта кое сега е на исто ниво како и пред судирите во 2011 година. Таа држава, богата со нафта оваа година имаше буџет од 56 милијарди долари, највисок во историјата.

Гадафи зад себе остави држава без институции, маргинализирана армија и свои приврзаници кои се обвинети дека го кочат демократскиот процес во Либија.

Според службите за безбедност, властите поради претпазливост презеле мерки за да се спречи напад на приврзаници на Гадафи на првата годишнина од смртта на поранешниот лидер, вo сабота на 20 октомври. За тој ден не се планирани никакви церемонии во Триполи кој ќе слави годишнина од „ослободувањето на државата“ на 23 октомври.

Годишнината е во момент кога новиот премиер Али Зејдан составува влада која треба за две недели да ја претстави пред генералниот национален конгрес, највисока политичка инстанца во државата по изборите од 7 јули.

– Либија мина прв тест на демократија со избори за народното собрание по повеќе од 42 години тоталитаризам, оценува либискиот аналитичар Насер ел Деси истакнувајќи дека итно е потребен национален консензус за формирање институции, арммија и ревизија на Уставот.

– Силна армија е од суштинско значење за гарантирање безбедност и за авторитет на државата, изјави неделава претседателот на националниот конгрес.

Владата која заминува, не успеа да ја реактивира службата за безбедност и во нив да интегрира поранешни бунтовници.

Нападот врз американскиот конзулат во бенгази од 11 септември илустира се поголема моќ на радикалните исламистички групи кои слободно дејствуваат особено на исток во државата.

Американскиот полковник кој порано работел во Либија, Ендру Вуд е загрижен од се поголемото присуство на Ал Каеда во Либија.

Под наслов Смрт за диктаторот: Крвава одмазда во Сирт, Хјуман рајтс воч соопштува дека новите докази за убиството на Гадафи покренуваат прашања за околностите за неговата смрт.

Гадафи беше уапсен и убиен под неразјаснети околности во околина на Сирт.

– Резултатите од нашата истрага покренуваат прашања во врска со изјави на официјални лица, дека Гадафи е убиен во размена на оган, а не откако е уапсен, изјави Питер Баукарт од ХРВ. Според нив, припадници на опозицијата по кратка постапка убиле најмалку 66 членови на конвојот на Гадафи во Сирт.
Новите власти во Ллибија мора да се фокусираат и на прашањето за национално помирување во момент кога племенските судири може да „екслодираат“ во граѓанска војна, а главна мисија е и ревизија на Уставот заради следните избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски