Го осудуваме убиството на Кашоги и бараме истрага, порача британскиот премиер Џонсон

Од:

Велика Британија го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и бара да се спроведе целосна истрага за причините на неговата смрт, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

– Ние го осудивме убиството на Џамал Кашоги и продолжуваме да бараме целосна истрага за причината на неговата смрт, истакна Џонсон одговарајќи на прашањето дали Велика Британија ќе ја суспендира продажбата на оружје на Саудиска Арабија, со оглед на судирот и хуманитарната криза во Јемен.

Тој додаде дека Велика Британија ги почитува правилата и конвенциите за продажба на оружје.

Колумнистот на Вашингтон пост, Кашоги беше убиен во 2018 година во Конзулатот на Саудиска Арабиија во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

САД: Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот Кашоги