Гнев на улиците во Киев: Зеленски го нарекуваат „предавник“

Од:

На протестите во одбрана на НАБУ (Национално биро за борба против корупција на Украина) беа развеани постери против украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Strana.ua“.

– Кон крајот на митингот се појавија неколку мажи со маски. Тие држеа постери со ликот на Зеленски и Јермак. Портретите беа придружени со натписи: „Убијците на демократијата се предавници на Украина“, „Хероите умираат за Украина, а овие двајца ја уништуваат“, „Украинците не се робови“, „Диктатори“, наведува изданието.

Во вторник, Врховната рада поддржа закон со кој се укинува независноста на две агенции: НАБУ и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (САТ). Зеленски го потпиша Законот.

Некои критичари остро го оценија овој закон како „ликвидација на антикорупциските структури во земјата“.

Медиумите известуваат за протести што започнаа во Киев, Лвов, Днепропетровск, Одеса и други градови.

Би можело да ве интересира

Половина милион луѓе протестираа против екстремната десница во Лондон, тврдат организаторите

А1он

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам

Дмитриев: Киев сфати дека ќе добие гаранции од САД по повлекувањето на Украина од Донбас