Би-Би-Си – Лондон
Глобалните температури се во ситуација да пораснат повеќе од еден степен целзиусов над прединдустриското ниво, велат од британската Канцеларија за метереологија
Бројките од јануари до септемрви оваа година, веќе се за 1,02 степени над просечните температори за периодот помеѓу 1850 и 1900 година.
Ако температурата остане како што е предвидено, 2015 ќе биде првата година кога ќе се надмине оваа клучна граница. Тогаш светот ќе се најде на половина пат до два степени, односно пред влез во опасното загревање.
Новите податоци е извесно дека ќе наметнат итност во полотичките преговори во Париз кон крајот на месецов, со цел да се донесе нов глобален договор за климата.
Тешко е да се измери
За истражувачите, конфузијата околу вистинското ниво на температурите од средината на осумнаесетиот век, кога и започнала индустриската револуција, а фосилните горива се пошироко почнале да се користат, значи дека точното мерење на висината на температурата со која светот од тогаш се загревал е многу тешко да се измери.
За да се надмине овој проблем, Канцеларијата за метереологија користи просек на тепературите измерени помеѓу 1850 и 1900 годсина, за кои тие велат дека ги прават нивните анализи поточни.
Нивната последна информација за температурата доаѓа од анализата на податоците кои Канцеаријата за метереологија заедно ги прават со Единицата за истражување на климата при Универзитетот на Источна Англија.
Базата на податоци ХадКРУТ покажува дека во првите девет месеци од оваа година, основната глобална тепература надминала еден степен и достигнала 1,02 степени, со фактор на грешка од плус/минус 0,11 степени. Научниците велат дека границата од еден степен ќе биде надмината во 2015, заради емисиите од јаглерод диоксид и влијанието од временскиот феномен Ел Нињо.
– Годинава забележавме силен прогрес на Ел Нињо во тропскиот Пацифик, и дека тоа веќе има извесно влијание врз глобалната температура годинава, рече Стивен Белчер, директор на Канцеларијата за метереологија Хедли офис.
Новата нормала
Од 2013 наваму, загревањето на океаните и површината на почвата достигнале нови рекорди. И 2014 година беше прогласена за најтоплата година, но падна за едно место затоа што најверојатно 2015 година ќе го надмине тоа ниво. Научниците веруваат дека и 2016 година се претпоставува дека ќе биде многу топла година, а тие веруваат дека маргината од еден степен ќе биде поцврсто изразена во следните години.
-Годинава е одбележана како прва како таква важна, но тоа не значи дека од сега натаму секоја година ќе биде за еден или повеќе степени над прединдустриското ниво, затоа што природните варијабли сеуште играат голема улога во определувањето на температурата за секоја следна година, вели Питер Скот, шеф за мониторирање на климата и последиците во Канцеларијата за метереологија.
-Сепак, онака како што светот ќе се загрева во следните години, ќе забележуваме дека секоја следна година ќе ја надминува границата од еден степен – што најверојатно на крајот и ќе стане норма.
Овој прогрес по се изгледа ќе изврши притисок врз политичарите да донесат одлучен договор на Конференцијата за климата на ОН, која треба да се одржи кон крајот на месецов во Париз.
По неуспехот да се постигне договор на средбата во Копенхаген во 2009 година, политичките лидери следната година во Канкун, Мексико, се согласија дека затоплувањето од два степени ќе бидер договорената граница над кој температурата не смее да порасне.
Многу островски држави не се согласуваат со целта од два степени, и бараат ОН да прифати нова пониска граница од 1,5 степени целзиусови.
Во анализа на ОН за намалување на емисиите од јаглерод диоскид, кои ги доставија државите членки пред претстојната средба во Париз, се заклучува дека сето тоа заедно ќе доведе до загревање од 2,7 степени целзиусови над прединдустриските нивоа.
Кратка историја за двата степени
Идејата за границата од опасното затоплување беше првпат спомната од Вилијам Нордхаус, економист од Јејл, во 70-ите години од минатиот век. Во 1990 година, Стокхолмскиот иниститут за животна околина излезе со попрецизна проценка дека два степени треба да се земат како ниво при што може да се случи штетно затоплување.
Сепак, на средбата на политучарите во Рио во 1992 година, беше експлицитно одбиено да се прифати ваквата цел. Првото политичко тело кое објави дека два степени е целта, беше Европкиот совет на министри за животна средина во 1996 година, каде присуствуваше и младата Ангела Меркел како претставник од Германија.
Главните тела на ОН беа претпазливи во прифаќањето на целта,па окрај итното барање на чниците и на преговарачите за климатаа им требаше време 2010 година во Канкун да се обврзат дека нивните влади „ќе го задржат затоплувањето на просечната глобална температура под нивото од два степени од пред индустриските нивоа“.