Глобалното затоплување ги претвора САД во опасно место, тврди федерален извештај

Од:

Белата куќа повика за итни дејствија против климатските промени, претставувајќи денеска опширен федерален извештај за ефектите на глобалното затоплување врз територијата на САД и врз американската економија и здравјето на Американците.

Во документот се истакнува дека глобалното затоплување ги претвора брзо САД во опасно место. Во документот, што содржи 840 страници, се истакнува дека се уште не е премногу доцна да се спречи најлошото, поврзано со климатските промени.

Извештајот ги разгледува во регионален и национален план ефектите на глобалното затоплување, за разлика од неодамнешните извештаи на ОН, во кои беа опишани штетите од глобалното затоплување врз Северна Америка во целина.

Извештајот го изработија Националната академија на науките и на 13 владини агенции.

Во него се посочува дека интензивноста и честата појава на американските урагани се зголемила во споредба со почетокот на 80-те години на минатиот век, но засега не е јасно колку од сето тоа се должи на глобалното затоплување.

Зимските бури се зголемиле по интензивноста во споредба со 50-те години на минатиот век, се акцентира во извештајот. Поројните дождови се зголемиле за 71 процент во американскиот Североисток.

Толотни бранови, како оние во Тексас во 2011 и во Средниот запад од 2012, ќе се распространат според прогнозите од целата земја, се додава во документот.

Сушите во Југозападот се очекува да станат посериозни. Нивото на морињата се зголемиле за 20 сантиметри од 1880 година досега и се прогнозира да се зголеми меѓу 0,3 метри и 1,2 метри до 2100 година, се додава во извештајот.

Од јануари 2010, 43 држави во САД поставиле најмалку еден месечен рекорд за горештина. Во истата година Калифорнија дури го урнала рекордот по горештина.

Во извештајот се предупредува дека климатските промени го загрозуваат здравјето на луѓето на многу начини, кои детално се претставени.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска