Global Slavery Index: Речиси 46 милиони луѓе во светот живеат во ропство

Од:

Речиси 46 милиони луѓе во светот живеат во ропство, најголем дел од нив во Индија, но најмасовно е во Северна Кореја, се вели во извештај Светски индекс на ропството (Global Slavery Index).

Индексот го објавува австралиската Уок фри фаундејшан. Тој покажува дека бројот на луѓе родени во ропство, поставени во ропство поради долгови или принудна работа е зголемен на 45,8 милиони откако во 2014 година таа цифра била околу 35,8 милиони.

Основачот на таа невладина организација, Ендрју Форест наведува дека зголемувањето за речиси 30 отсто се должи на подоброто собирање податоци, но искажува и опасност дека состојбата се влошува заради глобалната миграција која луѓе прави позависни во секаква форма на ропство.

Форми на ропство има во сите 167 држави од индексот, но Индија е државата со најголем број робови – околу 18,4 милиони, од население – 1,3 милијарди луѓе. Северна Кореја – еден од 20 Севернокорејци, што е 4,4 отсто од 25 милиони население, живее во ропство.

Индексот се базира на анкети со околу 42.000 луѓе извршени од Галуп на 53 јазици во 25 држави. Според Меѓународната организација на трудот, околу 21 милион луѓе во светот се жртви на принудна работа, но тоа не ги зема предвид сите форми на ропство.

– Би сакале индексот да биде повик за акција. Досега не сум видел реакција од страна на влади или бизнис средина неопходни за ограничување на ропството, нагласува Форест.

Околу 58 отсто од луѓето кои живеат во ропство се во Индија, Кина, Пакистан и Бангладеш. Држави со највисок процент на поробени луѓе од населението се Северна Кореја, Узбекистан, Камбоџа, Индија и Катар.

На другиот крај од спектарот се Холандија, САД, Велика Британија, Шведска и Австралија чии лидери даваат најмногу напори за борба со ропството.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски