Главниот уредник на „Дејли мејл“ бара запирање на „непријателството“ кон печатените медиуми

Од:

Главниот уредник на проториевскиот „Дејли мејл“ Пол Декре побара полицијата и политичарите да го запрат „непријателството кон печатот“ што се отвори со јавната истрага на судијата Левисон, за етичноста и за однесувањето на медиумите.

Декре од почетокот на оваа истрага е остро против мешањето на политиката и на полицијата во работењето на весниците, осудувајќи го како атак врз слободата на печатот, која во Велика Британија се одржува повеќе од 2,5 векови.

„Дејли мејл“ не беше повод за истрагата на Левисон, ниту беше посебно анализиран во „судењето на печатот“ но Декре кој и самиот се појави во истрагата, како сведок,остана силен противник за дисциплинирањето на весниците и за озаконување на правилата за тоа како тие ќе работат и ќе се однесуваат.

Тој е против прифатената промена во „надгледувањето“ на нивната работа,со формирањето посебни независно тело што ќе реагира на поплаките и приговорите од јавност, инсистирајќи дека досегашниот систем на „самоконтрола“ на редакциите е најдоброто решение за весниците.

Новото решение беше донесено со меѓупартиската согласност во Парламентот во Лондон и по завршувањето на полициската истрага за аферата со ловење на говорната пошта од мобилните телефоните на познати јавни личности, за правење ексклузивни вести.

Прислушувањето го практикувале дел од новинарите на сега згаснатиот неделник-таблоид „Њус оф д Ворлд“ како и на пролабуристичките „Дејли Мирор„ и неделникот „Сандеј Мирор“ но откритијата на Скотланд Јард беа повод за воведување на „нови правила„ на работа за весниците,а посебно на таблоидите,на што инисистираа дел од политичарите.

Главниот уредник на „Дејли мејл“ сега ги повикува политичарите и полицијата да ги остават на мир весниците,како што вели,во името на демократијата во Велика Британија.

Учествувајќи на едно предавање во Лондон, Декре оцени дека ако полицијата на време и до крај ја спроведеше истрагата за прислушувањето во „Њуз оф д Ворлд“ уште кога таа првпат се појави во средината на 2006 година како и ако политичарите (од десницата и левицата) долго не му се додворуваа на Руперт Мардок,немаше да има потреба од отворање јавна истрага и од судење на печатот.

Повикот на овој угледен британски новинар и долгогодишен уредник, до полицијата и до политичарите,доаѓа откако некои политичари се заканија дека ќе ја „завршат работата,што тие ја започнаа„ за дисциплинирање на весниците,по парламентарните избори во мај идната година.

– Сега е време да запре војната (против печатот) и да се обезбеди барем минимум меѓусебно почитување на весниците и на политичарите, вели Пол Декре,инсистирајќи дека тоа е услов за здрава демократија.

Јавната истрага на судијата Левисон ја покрена владата на премиерот Дејвид Камерон,под силен притсок  на левото крило на опозициските лабуристи кои настојуваа, со распалувањето на аферата со прислушувањето, да ја запрат моќта на новинската империја на Мардок во Британија и да го казнат медиумските тајкун затоа што неговите изданија му свртија грб на Гордон Браун,за изборите во 2010 година,определувајќи се за Камерон и за неговите конзервативци.

Педесетина новинари и уредници беа приведени, уапсени и сослушувани од полицијата,а десетина осудени  на затворски казни околу аферата со прислушувањето и подмитувањето на изворите, од кои весниците доаѓаат до информации.Меѓу осудените е и поранешнит главен уредник на „Њуз оф д Ворлд“ и подоцна директор за комуникации во Даунинг стрит 10 Енди Коулсон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он