Претставникот на ОН за Јемен Мартин Грифитс денеска изјави оти очекува завојуваните страни во Јемен да се вратат на преговарачка маса првпат по многу години.
Грифитс во синоќешното интервју за радиото на ОН рече дека двете страни ја потврдиле волјата да разговараат.
-Сакам да ги соберам страните во наредните неколку недели најдоцна. Се надевам дека Советот за безбедност на ОН ќе се состане следната недела и ние ќе го изнесеме планот за тоа како ќе ги покренеме повторно разговорите (завојуваните страни), порача претставникот на ОН за Јемен.