Обединетите нации ја повикаа владата на Јемен и движењето Хути кои контролираат голем дел од северот на државата, на мировни преговори во Женева на 6 септември.
Портпаролка на ОН изјави дека специјалниот пратеник за Јемен се обидува да преговара за прекин на тригодишниот судир во кој загинаа повеќе од 10.000 луѓе.
Таа на прес-конференција во Женева потврди дека канцеларијата на специјалниот пратеник упатила повици кон двете страни.