Германското разузнавање потврдува дека владините сили во Сирија употребиле хемиско оружје

Од:

Федералната разузнавачка служба на Германија располага со информации во поддршка на ставот дека владините сили во Сирија употребиле во напади хемиско оружје, објави Шпигел.

Началникот на разузнавањето Герхард Шиндлер запознал за време на тајна средба со пратеници од Бундестагот за пресретнат телефонски разговор меѓу претставник од либанската Хезболах и иранската Амбасада.

Во него се споменувало дека силите на Асад дале наредба за хемиски напад. Претставникот на Хезболах навел дека „не издржале нервите на Асад“ и тој „направил голема грешка“.

Шиндлер додал дека тоа е доказ оти владините сили извршиле напад со хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад