Германските власти уапсија вработен во британската Амбасада за шпионирање за Русија

Од:

Германските власти уапсија вработен во британската Амбасада во Берлин под сомнение дека шпионирал за Русија, сооопшти германското Обвинителство.

Случајот може да внесе дополнителни тензии во односите меѓу Берлин, Лондон и Москва.

ДПА јавува дека британскиот државјанин, идентификуван како Дејвид С, бил уапсен вчера во Потсдам, а е осомничен дека од лани „успеал барем во една прилика да испрати документ до претставник на руските разузнавачки служби, што го добил за време на извршувањето на своите должности во амбасадата“, се наведува во соопштението.

Тој за пренесената информација добил „неодреден износ пари“, соопшти германското Обвинителство, дополнувајќи дека апсењето било резултат на соработка со британските власти.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск