Германските политичари под притисок на јавноста и времето

Од:

Состојбата во која се наоѓаат германската канцеларка Ангела Меркел и нејзините партнерри во Влада, ја отсликува насловната страница на најтиражниот весник во Германија и Европа, „Билд“, јави дописникот на МИА од Берлин.

„Билд“, кој и во минатото искажуваше непомирливи тонови кон однесувањето на Грција, денеска на својата насловна страница бара Германија да не дава нови милијарди евра за спас на речиси банкортиранта членка на еврозоната.

Весникот преку фотомонтажа на која канцеларката носи пруски шлем каков што носел големиот германски канцелар Ото фон Бизмарк, бара „железен лидер“ за земјата, односно Меркел да биде строга и да не попушта пред новите грчки барања.

Во ситуација кога мора да мисли на своите гласачи, кои според анкетите, го губат трпението за Грција, а во исто време нема разбирање ни од дел од нејзините сопратијци во Христијанско демократската унија (ЦДУ) и партнерите во Владата од баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Меркел мора да балансира.

Како лидер на најбогатата земја во Унијата, таа мора да направи се што може за да ја зачува Грција во ЕУ, затоа што никој засега не знае какви последици може да предизвика т.н. „грекзит“ за европските и светските пазари, а во исто време мора да им угоди на своите гласачи, кои се уморни од постојаното трошење на нивните пари за спас на, според нив, „неодговорната“ Грција.

Со своите пораки за искористување на секоја шанса за спас на Грција и за почитување на правилата на еврозоната, Меркел засега успева да ги задоволи и двете страни, но прашање е колку долго ќе може да го прави тоа, откако нејзиниот заменик и лидер на СПД, Зигмар Габриел веќе отворено порачува дека Германија не смее да биде толеранта кон Грција и со тоа, исто како и министерот за финансии Волгфанг Шојбле, добива поени во јавноста која одредува кој ќе ја води Германија.

Покрај притисокот од германската јавност Меркел се соочува и со индиректен притисок од дел од европската јавност и политика.

Германија е една од ретките земји кои јавно не отфрлаат можност за излегување на Грција од еврозоната. За разлика од Шпанија, Франција и Италија, кои искажуваат попомирливи тонови кон Грција и оставаат простор за договор по секоја цена, германските сигнали се многу поостри, што земјата во иднина може да ја стави на обвинителна клупа доколку навистина дојде до „грекзит“, а подоцна и до криза на еврото.

Се разбира за германски стандарди, ваквото однесување на Германија не се доживува како радикално.

Пратеникот на СПД, Карстен Шнајдер вели дека Германија не ги променила своите ставови за Грција, ниту пак Грција ги зајакнала своите преговарачки позции, туку напротив.

– Тоа е позиција која што ги зајакна радикалните сили во Грција и создаде ситуација во која што Европа ќе има огромен проблем за да ги прифати, вели Шнајдер, кој е експерт за финансиски прашања.

Во едно сите се согласуваат, времето за решение е минимално. Грција има уште најмногу 12 дена, кога стасува за наплата нова транша кон меѓународните кредитори, да направи некаков договор.

Сепак во ситуацција кога осоколен од реферндумскиот резултат, Ципрас ќе бара нови отстапки, а Еврозоната по влијание на домашната јавноста бара почитување на принципите, шансата за договор е минимална.

Иако ЕУ досега во неколку наврати успевала да искористи и шанси што се мереле со промили, сепак се чини дека сега е исправена пред еден од најголемите предизвици од своето основање. Предизвик чие што нерешавање може да има огромни последици не само врз Европа, туку и врз целиот свет.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад