Германските покраини во 2016 ќе потрошат 17 милијарди евра за бегалците

Од:

Федералните единици на Германија наредната година планираат да потрошат најмалку 17 милијарди евра за потребите на бегалците, пренесува весникот „Ди Велт“.

Според истражувањето спроведено меѓу министрите за финансии германските покраини ќе потрошат повеќе отколку што владата во Берлин потрошила за образование и наука за 2015 година.

Оваа година државата од буџетот издвоила околу 15, 3 милијарди евра за научни истражувања и процесот на образование. Според проценките на весникот трошоците за бегалците на федералните држави најверојатно ќе бидат и повисоки од 17 милијарди евра затоа што нивната проценка на трошоците е направена за бројка од 800 илјади бегалци а до крајот на Ноември вкупниот број на мигранти се искачи до 965 илјади.

Политиката на отворени врати за бегалците која што ја заговара канцеларката Меркел годинава Германија ја чини повеќе од 6 милијарди евра. Со оглед на тоа што една третина од еден милион новодојдените баратели на азил се деца, само за обезбедување на настава за околу 325 илјади ученици бегалци се вработени 8,500 а треба да бидат вработени уште најмалку 20 илјади наставници.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија