Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Од:

Понудата на Гугл за преземање на медиумски содржини може да се смета за „шлаканица“ за германските медиуми, порача германското здружение за медиумски авторски права Коринт Медиа, најавувајќи продолжување на борбата за вредноста на содржините кои ги објавува Гугл.

Спорот настана по приспособувањето на германскиот Закон за авторски права со новата дигитална ера во 2020 година. Ажурираниот закон вклучува одредба според која платформите треба да им плаќаат на медиумските куќи за содржината која ја објавуваат.

Германското здружение Коринт Медиа, во кое меѓу другите членуваат и Аксел Спрингер, ВелтН24 и Рајнише Пост медиагруп, му предложи на Гугл за користење на медиумските содржина оваа година да плати 420 милиони евра.

Одговорот од Гугл на ова е контра понуда од 3,2 милиони евра, што според германското здружение, е далеки премал и може да се смета за „шлаканица за новинарите во Германија“.

Гугл, од друга страна, барањето на Коринт Медиа го оцени како „претерано“, посочувајќи дека со над 20 германски издавачи веќе имаат поединечни договори, но и дека сепак остануваат отворени за преговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите