Германските истражители открија шестчлена група која го разнесе Северен тек

Од:

Германските истражители открија докази кои покажуваат дека проукраинска група ги саботирала гасоводите Северен тек минатата година, објавија локалните медиуми во вторникот.

Групата, составена од пет мажи и една жена, отпатувала во северниот град Росток во септември 2022 година, изнајмила јахта користејќи лажни пасоши и ги саботирала гасоводите „Северен тек“, објави националната телевизија АРД.

Јахтата користена во операцијата била изнајмена од компанија со седиште во Полска, која очигледно била во сопственост на двајца Украинци, според истражителите.

Се верува дека групата се состоела од двајца нуркачи, двајца помошници, еден капетан и еден лекар.

Осомничените користеле професионално фалсификувани пасоши, а германските власти се уште не можеле да го потврдат нивниот вистински идентитет и националност.

Инспекторите при вештачењето пронашле траги од експлозив во кабината на јахтата.

Гасоводите „Северен тек“ беа саботирани во септември минатата година, а експлозиите предизвикаа голема штета на гасоводите што ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море.

Би можело да ве интересира

Володин: САД се одговорни за експлозиите на гасоводите „Северен тек“

Саботажата на Северен тек одобрена од највисокото украинско раководство, вклучително и Зеленски

Германија издаде потерница: Украинскиот нуркач Володимир З. го саботирал Северен ток

Катерина Ѓуровски

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек