Германскиот министер за здравство за вакцината: Не е важно кој е прв, туку дали е ефикасна

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е скептичен во врска со вакцината против коронавирусот, која е регистрирана во Русија, и вели дека не е важно кој ќе биде прв, туку вакцината да е ефикасна.

Во изјавата за „Дојчландсфунк“, Шпан рече дека според сè што знае засега, таа вакцина не е тестирана доволно.

– Не станува збор да се биде прв, туку за ефективна, тестирана и безбедна вакцина, подвлече тој.

Тој истакна дека руските власти не биле транспарентни во однос на студиите и тестовите, како и дека не е спроведена третата фаза на тестирање на поголем број луѓе.

– Може да е и опасно ако прерано се почне со тоа, истакна Шпан.

Би можело да ве интересира

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија