Германскиот министер за одбрана ја повика Европа да ги зголеми своите воени расходи

Од:

Германскиот министер за одбрана, Урсула фон дер Лајен, денеска ја повика Европа да ги зголеми своите воени расходи, пренесе ДПА.

– Сакаме Европејците да направат повеќе за да бидат во состојба да ја гарантираат својата безбедност, а тоа значи инвестиции, подвлече Фон дер Лајен за германската телевизија Зе-Де-Еф.

Повикот беше упатен денеска, пред почетокот на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, која ќе биде прва за новиот американски министер за одбрана, Џејмс Матис.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој на должноста стапи минатиот месец, НАТО ја нарече „надживеана организација“ и се закани дека САД ќе ја повлечат својата поддршка за европските членки на Алијансата доколку тие не ги зголемат своите расходи за одбраната.

Американскиот министер за одбрана се очекува да ги увери своите европски колеги во посветеноста на неговата земја кон НАТО, забележаа британските медиуми.

Медиумите потсетуваат дека при сослушувањето во американскиот Сенат Матис изрази желба САД да одржуваат „што е можно посилни“ односи со Алијансата.

– Се надевам дека неговата позиција за НАТО ќе исплива на површината, рече денеска Фон дер Лајн. Таа додаде дека Матис има добра репутација и влијателна позиција во новата администрација на Трамп.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија