Германски здравствени власти: Ширењето на новите мутации на коронавирусот е загрижувачко

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и претседателот на институтот Роберт Кох, Лотар Вилер, денеска истакнаа дека ширењето на новите варијанти на коронавирусот е загрижувачко.

Вилер истакна дека бројот на инфекции стагнира на високо ниво. Тоа, смета тој, може да биде пресвртна точка, а причината за тоа е што мутацијата на вирусот, првпат откриена во Велика Британија, масовно се шири. Според него, учеството на инфекции со новиот сој драстично расте, што уште повеќе ја отежнува борбата против пандемијата.

Вилер апелираше до граѓаните да се откажат од непотребни патувања. – Ако е можно, не треба да патуваме во овој момент. Навистина не морамеда го извезуваме вирусот од нашата земја во други или од други земји во нашата, рече Вилер.

Шпан рече дека вирусот не попушта. – Уделот на новиот сој кај новите инфекции расте на загрижувачки начин, подвлече Шпан. Затоа, посочува тој, мора да се биде многу внимателен кога се попуштаат рестриктивните мерки.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана