Германски министер против забрана за употреба на свинско месо во јавни кујни и училишта

Од:

Германскиот федерален министер за храна и земјоделие Кристијан Шмит е против ограничувањето на употребата на свинското месо во јавните кујни и училишните мензи. Во ијзјава за медиумите Шмит вели дека е растревожен од идејата со која свинското месо треба да не биде на менијата поради тоа што тоа од верски причини не го користат муслиманите во Германија.

„Не треба да тргнуваме по патот по кој културните разлики во исхраната ќе се сведат на барање на најмал заеднички содржател“ изјавил Шмит за германските медиуми.

Според него растечките културни разлики треба да го прошири изборот а не да го намали. „Исхраната во детските градинки не треба да се ограничува преку критериумите на „халал“ или „кошер“ порачува Шмит кој вели дека и покрај повисоката цена на пошироката понуда но ние треба да градиме културни традиции преку кои ќе примаме и туѓи вредности.

По приемот на на 1,1 милион бегалци од кои над 90 отсто се муслимани во германската јавност започна дебата за забрана на свинското месо на места каде што тоа се нуди на луѓе кои што не го конзумираат поради религиозни причини. Во парламентот на федералната единица Хамбург колеги на канцеларката Меркел од партијата ЦДУ побараа усвојување на резолуција со која се заштитува употребата на свинското месо како дел од германската културна традиција во јавните установи и училиштата.

Свињите честопати се користат и за изразување на верска нетолеранција при што во неколку наврати во различни градови свински глави беа поставени на места каде што се градат џамии или сместувалишта за бегалци со цел да се протестира против приемот на голем број муслимани во христијанска Германија.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад