Германски лекар убил двајца пациенти болни од Ковид-19 , сакал да им ги скрати маките

Од:

Во германскиот град Есен е отворена истрага против еден лекар, кој е осомничен дека со смртоносни инјекции убил двајца пациенти со тешка форма на Ковид-19, соопшти денеска локалната полиција.

Во соопштението на полицијата се наведува дека докторот (44), кој од февруари годинава работел во Универзитетската болница во Есен, е осомничен за убиство на двајца мажи, на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега во многу сериозна состојба.

Осомничениот лекар бил уапсен во средата, а веќе признал едно убиство, наведувајќи дека на тој начин сакал да ги поштеди пациентот и неговото семејство од натамошно страдање, пренесуваат британските медиуми.

Германскиот весник „Билд“ објави дека лекарот ги информирал семејствата на пациентите пред да ги еутаназира.

Во Германија, според судската одлука од минатата година, пациентите можат да побараат да им заврши животот, но не е јасно дали тоа се случило и во овој случај.

Болницата во Есен соопшти дека лекарот е суспендиран и дека соработуваат со полицијата во истрагата.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он