Угледни политичари од Германија и Јужна Кореја денеска во Сеул ја започнаа првата рунда од билатералните средби на кои ќе се разгледуваат можностите и пречките за обединување на поделениот Корејски Полуостров.
Германските искуства во обединувањето ќе ги пренесе познатиот дипломат Франк-Валтер Штајнмансер. Германскиот дипломат со своите идеи за можното обединување меѓу Северна и Јужна Кореја денеска разговараше и со претседателката Парк и министерот за надворешни работи Јун Бјунг-се.
Тим од 14 екперти од Германија и Јужна Кореја ќе изготви платформа за преговори за обединување на двете Кореји. Според Штајнмансер разликите меѓу Сеул и Пјонгјанг не се нерешливи, зашто во речиси идинтична состојбадо пред 25 години биле и односите меѓу двете Германии, а обединувањето, сепак, беше изведено без поголеми проблеми.
Северна и Јужна Кореја минатиот месец се договорија да ги обноват преговорите за реунификација на полуостровот. Во ноември треба да се одржат првите средби меѓу високи функционери од политиката и армиите на двете држави.