НАТО не е обврзан да и дава одбранбена помош на Украина, бидејќи таа земја не е членка на алијансата, вели постојаниот претставник на Германија во НАТО, Ридигер Кениг.
Тој во интервју за „Шпигел“ рече дека нема колективни обврски што би значеле „дека сите ќе и помогнеме на Украина да се одбрани“.
„Во никој случај не сакаме НАТО директно да учествува во оваа војна“, рече Кениг, како одговор на коментарот дека претседателот Владимир Зеленски постојано барал помош.
Според дипломатот, во спротивно „може да започне голема војна во која ќе бидат вклучени 30 земји одеднаш“.
Во исто време, тој истакна дека алијансата секој ден разговара за конфликтот во Украина. Покрај тоа, одредени земји-членки на организацијата му даваат финансиска помош на Киев и снабдуваат оружје, пренесува Новости.