Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

Од:

Германскиот бизнисмен Ханс-Петер Мак (62) исчезнал во Тајланд на 4 јули, а неговото тело e пронајдено во замрзнувач, јавуваат медиумите. Според извештаите, телото било распарчено.

Тајландските медиуми објавија дека полицијата претресла куќа во близина на Патаја каде било пронајдено тело на маж. Според порталот Билд, извор близок до полицијата изјавил дека се работи за германскиот државјанин Ханс-Петер Мак, кој исчезна пред една недела.

Според тајландскиот pattaya.news, телото било распарчено и спакувано во црни кеси за ѓубре кои биле оставени во замрзнувач во изнајмена куќа. Медиумите се повикуваат на изјавите на форензичарите. Семејството на германскиот бизнисмен, инаку, им понудило 77.000 евра на оние кои имаат какви било информации за Мак откако исчезнал.

Убиениот живеел во Тајланд, каде продавал недвижен имот. Според медиумите, германскиот бизнисмен бил мачен, а потоа и распарчен. Пред да исчезне имал деловен состанок поврзан со продажба на куќа. Четири дена подоцна бил пронајден неговиот автомобил, кој бил внимателно измиен и исчистен.

По исчезнувањето на бизнисменот, од неговата сметка во странство биле префрлени 52.000 евра. Полицијата испрашува тројца осомничени.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер