Германската Влада донесе денеска одлука за продолжување на мандатот на Бундесверот во рамки на КФОР на Косово.
Како и досега, конечна одлука и „зелено светло“ дава германскиот Парламент, кој тоа ќе го стори за неколку недели.
Бундесверот, кој со 700 војници во КФОР е присутен на Косово, е веќе 15 години во тој ангажман и тоа е најдолга германска мисија во странство.
Германија во Косово може да има максимум 1.850 војници, а во моментов тоа е втора по големина мисија на земјата, по таа во Авганистан.