Германската Влада демантира дека имало судир меѓу Меркел и Јункер

Од:

Германската Влада демантира дека имало судир меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисја Жан-Клод Јункер односно дека тој се жалел поради намерата на Берлин на автопатиштата и патштата од сојузно значење да воведе патарина за странските патнички возила.

– Таа вест е погрешна. Јункер ниту на еден начин не се жалеше кај Меркел поради патарините, изјави заменик-портпаролот на германската Влада Георг Штрајтер.

„Франкфутер алгемајне цајтунг“ во неделното издание објави дека Јункер на маргините на конгресот на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско-демократската унија на германската канцеларка, и се пожалил на Меркел проади плановите на нејзиниот министер за сообраќај Александар Добринт за воведувањето на патарина.

Според весникот Јункер тврдел дека германските планови за воведување на патарина се во спротивност со европското право.

Германската Влада минатата недела го усвои предлог-законот за воведување на патарина за патничките автомобили.

Германија има една од најгустите и најдолгите мрежи од автопатишта во светот од речиси 13.000 километри.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија